Османи разговара со Борел во Брисел за европската перспектива

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета во Брисел оствари средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Во фокусот на разговорите беа актуелностите поврзани со европското досие, процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија и внатрешно-политичката динамика во земјата.

“Полноправното членство на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива. Она што сега ни треба, е регионот да биде подготвен за членство, додека Унијата за проширувањето, односно да го задржиме кредибилитетот на процесот преку поголема интеграција пред членството“ истакна Османи.

Соговорниците се осврнаа и на ЕУ интеграциите во поширок регионален контекст, а разговараа и за соработката и справувањето со последиците од руската воена агресија во Украина, ситуацијата во Газа и Блискиот Исток и други актуелни прашања од надворешно политичка и безбедносна природа.

Во Брисел, Министерот Османи имаше прилика да се сретне и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*