Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ треба да разјасни како ќе биде решено барањето на Софија и на Брисел за уставни измени, а со тоа и за евроинтеграциите на Македонија.
Вака опозициската партија која претендира да освои најмногу гласови на претстојните избори ги коментира пораките на американскиот помошен државен секретар за европски и евроазиски прашања, Џејмс О`Брајан за објавување на визијата за иднината на земјата.
ВМРО-ДПМНЕ докажано секогаш била проевропски ориентирана, а во однос на главното прашање со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ има прецизни решенија коишто ќе бидат дел од изборната програма, каде до граѓаните ќе понуди решенија и за сите други прашања за коишто граѓаните повеќе се заинтересирани, како што се решенијата за економскиот раст, справување со инфлацијата, решенија за силна економија, решенија за поквалитетно образование, за безбедно и достапно здравство, за борба со криминалот и корупцијата, решенија за справување со мафијата, рече портпаролот на партијата Наум Стоилковски.