Без да зборува за политичките прашања и односите со Белград, пред новинарите се обрати и косовскиот премиер Албин Курти. Без да зборува за политичките прашања и односите со Белград, пред новинарите се обрати и косовскиот премиер Албин Курти.
Тој кажа дека Косово денеска ќе предложи листа реформи, а во наредните денови ќе излезе и со листа конкретни проекти. Она што тој го посочи како главни реформи на кои ќе се фокусира неговата земја се тие на јавната администрација и менаџирањето на јавните финансии, а во однос на проектите ги спомена дигитализацијата, инвестициите во приватниот сектор и развивањето на инфраструктурата.
Тој рече дека државите од регионот треба да се заложат за повеќе реформи со цел да привлечат средства од Европската унија.
„Кај нас треба да се преземат реформи за вредностите на ЕУ, а поддршката од ЕУ мора да биде и финансиска. Планот за раст значи шест милијарди евра за нашиот регион, а висината на добиените средства зависи од добрата работа што ја работиме и успешните перформанси што ги покажуваме“, рече премиерот Курти.
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, пак, истакна дека му е мило што неговата земја е дел од овој концепт бидејќи станува збор за важен проект кој се надева дека ќе почне што поскоро. Тој оцени дека ова е важен сигнал и за земјите од Западен Балкан, но и за инвеститорите што сакаат да инвестираат тука.
Од Босна и Херцеговина, пак, преку видеообраќање на настанот во Скопје ќе се обрати Борјана Кришто, претседавач со Советот на министри. Поради состаноци на високо ниво во Сараево таа не можела да допатува во Северна Македонија.
Состанокот во Скопје заврши со заедничка Декалрација во која 6-те земји од Западен Балкан се обврзуваат дека ќе работат на реформите кои ќе значат економска интергација на регионот во ЕУ, но најавената заедничка прес-конференција не се одржа. Причината за промената, според премиерот е дека дел од присутните лидери имале набиена агенда и морале порано да заминат.