Антикорупциска: Не е повреден законот, грантовите не се државни, тужби за клевета исклучени

Сопругите на вицепремиерот Битиќи и директорот на Агенцијата за разузнавање Муслиу, како дел од невладиниот сектор добиле државен грант од над 600 илјади евра. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања околу случајот.

Пратеникот Драган Ковачки на денешната прес конференција обвини дека 5 дена откако парите „легнале“ на сметка, извршиле и промена во Централниот регистар.

„Само 5 дена по добивањето на парите, сопругата на Битиќи се брише од овластени лица на нејзината невладина организација, со промена евидентирана во Централен регистар. Тоа што сопругата на Битиќи се избришала од овластено лице 5 дена по добивање на грантот не го менува фактот дека Битиќи е вицепремиер на седница на влада кога е донесена одлуката Националниот комитет да склучи меморандум со Конзорциумот на кој му се дава странски грант во време кога неговата сопруга сеуште е претседател на НВО. Трговијата на влијание се случила со одлука на владата“, изјави Драган Ковачки, ВМРО-ДПМНЕ.

Според Ковачки се случила трговија со влијание, а за случајот досега молчеле и антикорупциска, обвинителството, премиерот, а го прозваа и претседателот Пендаровски кој го има назначено Муслиу за директор на Агенцијата.

Од антикорупциска за овој случај веќе имаат одлучувано во јуни минатата година, но не утврдиле ништо незаконско. По сите добиени документи, меѓу кои и од Централниот регистар според кои: – посочените физички лица не се јавуваат како основачи или овластени лице на правни субјекти.

Донеле олука дека не е повреден Законот за спречување корупција и судирот на интереси. Двајцата функционери признаваат дека нивните сопруги добиле грант, но дека не станува збор за државен туку странски проект и странски пари. Но, и Битиќи и Муслиу демантираат било какво влијание при доделување на грантот и побараа јавно извинување, а во спротивно вицепремиерот Битиќи најави и тужба за клевета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*