Скандал со Грантови: Директорот на АР Еролд Муслиу под Лупа

Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање е во центарот на скандал. Додека тој е функционер назначен од Пендаровски, неговата сопруга земала грантови од стотици илјади евра, рече на денешната прес конференција пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Според него, сопругата на Еролд Муслиу преку нејзината невладина организација добила грант од 620.000 евра. За сопругата на Еролд Муслиу да ги добие парите, Владата морала да склучи меморандум со Конзорциумот на невладини чиј основач е невладината на неговата сопруга. Во спротивно, сопругата на Муслиу не можела преку Конзорциумот на невладини да го добие грантот од 620.000 евра.

Имено, 4 невладини организации со меморандум формирале конзорциум за да аплицираат за грант од странски донатор од областа на безбедноста. Две невладини организации се под контрола на сопругите на Директорот на АР Еролд Муслиу и на Вице-премиерот во Владата Фатмир Битиќи. Вака формираниот конзорциум во чиј состав се и двете наведени НВО, добива странски грант од 620.000 евра, тврди Ковачки.

“Клучното е што на седница на Влада на која присуствува и вицепремиерот Битиќи, го задолжува националниот координатор за борба со тероризам да склучи меморандум со наведениот конзорциум и тоа токму на полето на безбедноста”, рече Ковачки и ги повика ДКСК и ЈО да го истражат случајот и да ја запознаат јавноста дали службени лица ја злоупотребиле својата позиција и го искористиле своето влијание за донесување на одлука која е во интерес на трета страна, за возврат на материјална или нематеријална корист.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*