Се уште е неизвесно дали Таравари ќе влезе во коалиција со Меџити, Касами и Гаши.
Од Европскиот сојуз за промени велат дека се во комуникација со Алијанса, а вратата за партијата да се приклучи на претстојните избори останува отворена.
„Таа покана која ја испративме пред нова година се уште е отворена за Алијанса на Албанците. Што побрзо се приклучат, тоа е подобро и за победата на идните избори. Победата е сигурна, но нивното учество би било крај на ДУИ. Имаме комуникација“, вели Фари Хисени, портпарол на ЕСП.