Ковачевски во Скопје имаше средба со Ахмети и Заев

Премиерот Димитар Ковачевски за ТВ21 изјави дека во четвртокот во Скопје имал средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев.

Ковачевски не откри каде и кога точно се случила средбата, а само кусо изјави дека тој, Ахмети и Заев разговарале за европските перспективи на Северна Македонија.

Од друга страна, МИА, повикувајќи се на сопствени извори, објави дека Ковачевски, Ахмети и Заев наводно разговарале за дефинирање на стратегија за претстојните парламентарни избори и сите опции за таканаречениот европски фронт.

Во меѓувреме, Слободен печат, повикувајќи се на извори од СДСМ, објави дека СДСМ, освен концептот за широк проевропски фронт, има уште еден пристап кон парламентарните избори, кој се фокусира на сојуз меѓу нив и сите албански политички партии во земја, со цел на крајот да ја надмине опозицијата во парламентот и да обезбеди силно мнозинство со најмалку 72 пратеници, па дури и до 79 пратеници во најдоброто сценарио.

Изворот овие идеи ги поврзува со неодамнешната средба на претставниците на СДСМ и партијата на косовскиот премиер Албин Курти, и дека целта на ваквиот пристап е ниту една од албанските партии да не биде подготвена да направи сојуз со ВМРО-ДПМНЕ дури и ако тие победи на изборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*