ДКСК и Грковска реагираат на присуството на Ахмети во Министерството за политички систем

Средбата меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и шефот на албанската дипломатија Игли Хасани, која се одржа во Министерството за политички систем во присуство на првиот вицепремиер Артан Груби, предизвика реакции кај Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и од вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

Од ДКСК уште еднаш нагласија дека просториите и објектите на институциите на државата не треба и не смеат да се користат за политички партиски активности.

Вицепремиерката Грковска, пак, рече дека првиот вицепремиер Груби веќе во неколку наврати бил опомена за дозволување партиски активности во просториите на министерството.

„Очигледно, предупредувањата не се ефективни за Груби“, подвлече Грковска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*