Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Виена се сретна со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.
На средбата, соопштија од владината прес-служба, било поздравено успешното претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со што државата уште еднаш ја покажа посветеноста кон мултилатерализмот.
На состанокот, Ковачевски и Шмид констатирале дека претседавањето на Македонија со ОБСЕ претставуваше комплексна задача, што земјата успешно ја заврши во услови на најголема безбедносна и геополитичка криза на европскиот континент после Втората светска војна.
Премиерот Ковачевски, стои во соопштението, на средбата истакнал дека како членка на Тројката, Северна Македонија е подготвена да ја пружи сета поддршка на актуелниот претседавач Малта и да продолжи да придонесува во процесите за севкупната европска безбедност и стабилност.
На средбата се разговарало и за претстојните изборни процеси кои следат во Македонија, како и за важноста на ОБСЕ на тој план.