Пукање пред тетовска болница, ранети двајца мажи

Двајца мажи од село Гајре се ранети откако група од пет лица пукале кон нив пред Општата болница во Тетово.

Како што информира МВР, пукањето се случило околу 18 часот и 30 минути, а претходела вербална и физичка пресметка меѓу двете групи.

Групата од пет лица која отворила оган побегнала од местото на злосторството, а полицијата трага по нив. Еден од двајцата ранети, поради сериозноста на повредите, итно е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се очекува Министерството за внатрешни работи да открие повеќе детали за престрелката во петок наутро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*