Одземените станови на Мијалков купени од фирма на неговиот син

mijalkov

Директорот на Агенцијата за одземен имот Дритон Небиу информираше дека становите што му беа одземени на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков во случајот „Империја“ се купени на јавна лицитација од фирмата „Бест Веј Инвестмент“, која е во сопственост на синот на Мијалков, Јордан.

„Становите беа продадени пред неколку месеци, но тогаш немавме информации кои се купувачите“, рече Небиу, додавајќи дека законите само ги спречуваат лицата со криминално досие и со активни судски мерки против нив да учествуваат на јавните наддавања на конфискуваните средства.

Небиу и во претходните прилики изјави дека вработените во Агенцијата за одземен имот се соочуваат со притисоци и заплашувања поради обидите да се продадат становите на Мијалков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*