Мицкоски: Амбасадорот на Холандија даде потврда за сѐ она што ВМРО-ДПМНЕ со години го зборува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во рамките на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“, при посетата на Општина Кисела Вода, одговорајќи на новинарско прашање за негов коментар за изјавата на холандскиот амбасадор, посочи дека како ВМРО-ДПМНЕ тоа го зборува подолго време откако овие две партии се власт.

„Амбасадорот на Холандија го потврди тоа што ние го зборуваме со години наназад, дека не владее правото, дека е партизирано и октроирано судството, се вршат притисоци врз судии, се избираат партиски судии и во судски совет, обвинители се бираат.

Сега повторно имаме таков оглас каде набрзина се прават притисоци да се изберат нови судии и обвинители пред одење за да можат на тој начин овие криминалци во владата да бидат заштитени или барем така мислат дека, ако си постават свои судии и обвинители набрзина дека сето она кое идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне тие практично ќе го опструираат во процесот на истраги, судски предмети или пак пресуди во конечен случај“, изјави Мицкоски.

Според претседателот Мицкоски, ова е само потврда на се она што се случува во изминатите повеќе од 6 години Влада на СДСМ и ДУИ.

„Ова е само потврда дека она што се случува изминативе нешто повеќе од 6 години Влада на СДСМ и ДУИ не само што ја врати години назад Македонија туку ќе ни треба време за да ја вратиме државата во нормален колосек, а потоа и да ја развиваме онака како што сакавме да ја видиме оваа држава во раните 90-ти кога стануваше независна“, заклучи Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*