Шефот на парламентот на Саудиска Арабија Ал аш Шеик во посета на Северна Македонија

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска во Скопје го пречека претседателот на Парламентот на Саудиска Арабија (Маџлис аш-Шура) Абдула ибн Мухамед Ал аш Шеик, кој до петок ќе престојува во официјална посета на земјава.

Османи и Ал аш Шеик разговараа за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Саудиска Арабија, при што двајцата изразија ветувања за зајакнување на односите на сите полиња, особено на економски план.

Соговорниците исто така разменија мислења за други меѓународни теми. Подоцна во средата, Ал Еш-Шеик оствари средба со претседателот Стево Пендаровски.

Пендаровски изрази надеж дека оваа официјална посета ќе мотивира за унапредување на соработката меѓу двете земји на билатерално ниво, а на Ал аш Шеик му порача дека Северна Македонија ја цени улогата на Саудиска Арабија во одржувањето на мирот и стабилноста на Блискиот Исток.

Ал Еш-Шеик, исто така, оствари средба со говорникот на парламентот Талат Џафери. На средбата, соговорниците ја пофалија билатералната соработка на двата парламента, при што се согласија дека средбите од ваков тип можат да ги подобрат и политичките и економските односи меѓу двете земји.

Ал Еш-Шеик, исто така, го покани ПС на парламентот на Северна Македонија да ја посети Саудиска Арабија во наредниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*