Гир, Ковачевски: Ситуациите во М-НАВ мора темелно да се проверат

Евроамбасадорот Дејвид Гир во врска со последните настани за Македонската воздушна навигација (М-НАВ) рече дека европските регулативи за управување со институции од ваков вид се многу јасни.

„Вработувањата во институциите од ваков вид мора да се вршат врз основа на професионална квалификација, а не врз основа на политичка партиска припадност. Има обврски кон ЕУ кога станува збор за безбедноста на воздушниот сообраќај што државата мора да ги спроведе, а тоа се гаранција за независноста на органот одговорен за воздушна навигација и правилна употреба на човечки ресурси што ја гарантира и безбедноста на воздушниот сообраќај“, изјави Гир, одбивајќи да ја коментира одлуката на Кривичниот суд во врска со нападите во М-НАВ.

Премиерот Димитар Ковачевски упати критики до М-НАВ, велејќи дека компанијата станала „дувло на непотизам и вработувања врз основа на семејни односи“, додавајќи дека институциите на државата треба посериозно да се занимаваат со тие прашања.

“Претседател на синдикат, татко му работел таму, брат му работи таму. Тие функционираат како семејство. Сметам дека треба да се испита и, како што вели и ЕУ, начинот на којшто ги прават конкурсите, начинот и критериуми на селекција на кандидатите зада не се случи некој кандидат да добива готови тестови бидејќи премногу „случајности“ има во таа организација, кои имплицираат дека можеби тие случајности и не се толку случајни“, рече Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*