Армијата ќе добие девет милиони евра во опрема од Европскиот мировен фонд

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, Томаж Ловренчич денеска потпишаа Меморандум за разбирање за првиот билатерален проект помеѓу земјава и Европскиот мировен фонд.

Со тоа почнуваат активностите за реализација на поддршката во опрема за пешадиската баталјонска група на нашата Армија во вредност од девет милиони евра.

“Овие средства ќе бидат искористени за набавка на логистичка опрема, медицинска опрема, комуникациски-информатички системи, разузнавачки капацитети, инженерска опрема и опрема за изведување обуки, информира Петровска на прес-конференција по потпишувањето на Меморандумот. Согласно Меморандумот, при набавката на опремата која ќе ја реализира ИТФ консултиран е Генералштабот на Армијата, а во согласност со потребите на земјава, но и највисоките НАТО стандарди”, вели Петровска.

Евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека ова е еден од првите придонеси на Европскиот фонд за мир, освен поддршката што ја дава на Украина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*