Делегацијата на ЕУ со загриженост ги следи настаните поврзани со националниот провајдер на услуги за воздушна навигација (М-НАВ), велат од делегацијата на ЕУ во земјава.
Оттаму порачуваат дека клучна важност е назначувањата во компанијата за национална воздушна навигација и поврзаните услуги, како и во другите институции, да се базираат на заслуга, квалификации и искуство.
“Потсетуваме на фактот дека Македонија се обврза да го спроведува законодавството на ЕУ што се однесува на провајдерите на услуги за воздушна навигација (ANSPs). Ова вклучува одредби за обезбедување на независноста на ANSP од државата, обезбедува дека персоналот – особено контролорите на воздушниот сообраќај – ги исполнуваат законските барања за таквите позиции и дека обезбедувањето на услугите ги почитуваат целите за безбедност, ефикасност во трошоците, капацитетот и околината”, велат од Мисијата на ЕУ во Македонија.
Оттаму со порака до институциите дека очекуваат брзо да ги истражат наводите за неправилностите при назначувањата во оваа компанија и да ги истражат извештаите за несоодветен надзор и насилство кон персоналот во M-НАВ.