Како може САД да помогнат во европските реформи била тема на денешната средба меѓу вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и американската амбасадорка Анџела Агелер.
Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и силен сојузник на европскиот пат на нашата држава, ние сме благодарни за континуираната политичка и економска помош, истакнал Маричиќ според соопштението од неговиот кабинет.
Агелер и Маричиќ разговарале за следните чекори во претстојниот период, кои ја засегаат политичката одговорност и вложувањето во реформите, по изготвените патокази за владеење на правото и реформа на јавната администрација.
На состанокот била истакната важноста од користењето на моментумот за приближување на државата кон ЕУ и партнерството од САД фокусирано да обезбеди поддршка за промовирање просперитетна, добро управувана и стабилна Македонија, посветена на евроатлантската интеграција.