За 30 дена им се продолжува притворот на лицата поврзани со убиствата на Вања и Панче

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за продолжување мерка притвор против 5 лица, донесе решенија со кои: предлогот за продолжување на мерката притвор се прифаќа и на В. М., В. К., Б. В., за кои постои основано сомнение за две кривични дела убиство од чл. 123 ст. 2 т. 1 и т. 4 и чл. 123 ст. 2 т. 1 и т. 7 од КЗ и две кривични дела грабнување од чл. 141 ст. 1 и чл. 141 ст. 2 вв ст. 1 од КЗ, како и А. Ѓ., осомничен за кривично дело грабнување од чл. 141 ст. 2 вв ст. 1 од КЗ, сите поврзани со убиството на малолетната девојка од Скопје – В. Ѓ. и велешанецот П. Ж., им се продолжува притворот за 30 дена.

Воедно, прифатен е предлогот и за продолжување на мерката притвор за нови 30 дена и за С. Д., осомничен за помагање сторител во извршување на кривичното дело од чл. 365 ст. 5 вв со ст. 1 од КЗ, а поврзан со бегството на првоосомничениот, кој се наоѓа во екстрадициски краткотраен затвор во  Турција. Против овие решенија странките имаат право на жалба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*