Во тензична атмосфера изгласан буџетот на Oпштина Kарпош

Со 15 гласа „за“ и во тензична атмосфера советниците го изгласаа буџетот за 2024 година на Општина Карпош. На почетокот на денешната 37. седница, советниците на ВМРО-ДПМНЕ побараа прекинување на седницата и пристапување кон носење одлука за времено финансирање на општината.

Овој предлог беше одбиен од Добрила Андоновска, која како најстар член претседаваше со Советот, бидејќи претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов, преку писмо информираше дека не може да присуствува на седница поради здравствени причини.

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски истакна дека тактиката во тензична атмосфера да почне, да трае, да се одолговлекува седницата веќе е видена во изминативе години.

„Има точка на дневен ред – буџет на Општина Карпош. Кој сака да дискутира по основ на буџетот, бујрум. Колешката од финансии два пати земаше збор и два пати објаснуваше. Сѐ ви е јасно. По завршување на дискусиите, молам да се пристапи кон гласање за буџетот на Општина Карпош“, рече Јакимовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*