Бибер за „Канал 5“: ЕУ одамна требаше да го испрати бугарскиот премиер на пауза за кафе

Повеќе од очигледно е дека уставните измени нема да се случат наскоро, а земјава треба да се фокусира и на поинакви начини за продолжување по евроинтегративниот пат, смета австрискиот професор и експерт за Балканот Флоријан Бибер.

По украинското искуство и Унгарија би лобирал да се најде поинаков начин за да се почнат пристапните преговори, вели Бибер за Канал 5.

Во ексклузивно интервју за Канал 5 тој вели дека повеќе од очигледно е дека уставните измени нема да се случат наскоро, а земјава треба да се фокусира и на поинакви начини за продолжување по евроинтегративниот пат.

Очекувам година на предизвици и за Македонија, но и за ЕУ, рече Флоријан Бибер за „Канал 5“. ЕУ го заборави Балканот и тоа им даде шанса на Кина и Русија да го прошират влијанието, смета Австриецот и додава дека почетокот на преговори за членство во ЕУ на Украина и Молдавија не е охрабрувачки сигнал за Македонија. ЕУ одамна требаше да го испрати бугарскиот премиер на пауза за кафе, вели Флоријан Бибер во интервјуто.

Мислам дека ќе биде тешка година и за Македонија и за ЕУ, смета тој. Влез на Македонија во ЕУ до 2030 година е можен, но во моментов тоа не е реалистично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*