Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.
По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.