На Љупчо Палевски му е одреден привремен затвор во беликесир

На Љупчо Палевски му е одреден привремен затвор во ,, Затворена казнено -поправна установа Беликесир“, Турција, соопшти Министерството за правда.

Во дописот од Републичкото Јавно обвинителство Беликесир – Турција информираат дека на лицето Љупчо Пелевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело „Намерно убиство на дете”, согласно Законот 6706 член 14 , со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена.

Палевски се бара за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, за што осомничени се пет лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*