Заврши тричасовната јавна расправа, на кои беа презентирани аргументите и доказите на Судскиот совет и на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.
Во рок од три дена се подготвува извештај, кој ќе биде доставен до членовите на Судскиот совет и до Беса Адеми, а потоа ќе биде одлучено дали ќе биде побарано одговорност или, пак, ќе биде сопрена постапката.
Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако судијката Адеми во интервју за медиум рече дека судот со кој раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.