Обвинителката Фатиме Фетаи во текот на утрешниот ден писмено ќе се обрати до Советот на јавни обвинители, кој ја отфрли нејзината кандидатура за државен јавен обвинител поради непотполна документација.
Таа за Телма вели дека ги исполнува сите услови за Јавен обвинител. Заради повреда на нејзиното право за понатамошното учество во постапката за именување на јавен државен јавен обвинител таа ќе бара преиспитување на одлуката за отфрлање на документацијата како некомплетна.
Фетаи ќе се обрати и до Собранието и до Владата заради стопирање на понатамошниот тек на постапката се до конечно утврдување на правилноста на одлуката на советот на јавни обвинители.
На вчерашната седница на советот, кандидатурата на Фетаи беше отфрлена бидејќи не поднела уверение за деловна способност.
Позитивно мислење советот даде за кандидатурата на Љупчо Коцевски, а негативно мислење за кандидатурата на обвинителката Лидија Раичевиќ.