На потег е Судскиот совет. Вака министерот за правда, Кренар Лога, ги искоментира денеска случаите на судијата од Тетово кој си ги поправал оценките за да има повисок успех и да може да се запише на Академијата за судии и обивнитители и обвинител во Тетово кој полагал правосуден испит предвреме.
И двата случаи се откриени откако на барање на Антикорупциска Државниот просветен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на правните факултети во земјава, за периодот2008 до 2012 година, за да се провери дали на некои од универзитетите се издавале уверенија за завршен VII/1 степен за 180 кредити.
Притоа во случајот на судијата, Ељведин Ферати, тој на правниот факултет во Тетово завршил со просек 7,88, што е под потребниот минимум за запишување на Академијата, на која пак се запишал со просек 8,20.
Во случајот на обвинителот, Јетмир Беџети, син на апелациониот судија Енвер Беџети, е утврдено дека тој полагал правосуден пред да се стекне со 300 кредити.