Состојба на патиштата 29.12.2023

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м. има на патните правци Скопје – Велес, Велес – Неготино, Неготино – Д.Капија и М.Брод – Кичево.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*