Подготовка за техничка влада: Избори за претседател на Собранието и избор на министри

По празниците почнуваат подготовките за техничка влада. Нема посебна процедура по однос на нејзино формирање, вели спикерот Џафери.

Прво ќе се констатира неговата оставка и избор на нов претседател на Собранието, а потоа и оставките на министрите и замениците.

Седницата за избор на техничката влада на 27-ми јануари, според Деловникот пратениците ќе дебатираат два дена. Џафери не ја исклучи можноста и по седми пат да биде на изборната листа.

Претседателските и парламентарните избори ќе бидат распишани во средината на февруари. Законодавниот дом ќе работи до почетокот на кампањата за избори.

Спикерот Џафери пред новинарите предочи дека од клучните работи за оваа година, пратениците не ги завршиле уставните измени, кои се отворени, но поради немање мнозинство не биле ставени на гласање.

Посочи и на неажурност на неколку комисии кои не успеале да ја завршат својата работа. Акцент стави на изборот за член на ДИК, кој е заглавен во Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Доколку пропадне изборот на член на ДИК, има време да се распише нов оглас-рече Џафери.

„Има време за нов оглас ако пропадне изборот на член на ДИК. Огласот трае осум дена. Собранието донесува одлука да се распише оглас, а за да се донесе одлука треба се одржи седница. Има време да се усогласат и да се избере кандидатот“, рече спикерот Џафери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*