Откако вчера на двапати беше прекинувана поради тензичната дебата, продолжување на седницата на Комисијата за избори и именувања не е планирана ниту за денес, ниту за утре, вели претседаталката Георгиевска во разговор за Канал 5.
Не открива дали ќе опстои на предложеното и двајцата кандидати Абдуш Демири и Зулфи Адили да бидат испратени на пленарна седница, вели ќе остави простор членовите на комисија да се обидат да ги доближат ставовите.
Собранискиот спикер Џафери пак тврди дека членот 27 од Изборниот законик кој се однесува на ДИК е недоречен и не прецизира дали партиите мора да учествувале на избори, туку дека е наведено само политички парртии во опозиција и дека пратеникот од партија на Хоџа – Бастри Бајрами во собранието делува како опозиционер.
За да се излезе пак од моменталниот ќорсоскак, минстерот за правда Кренар Лога предлага составот на ДИК, наместо седум, да брои девет членови.
Од албанскиот опозициски блок пак остануваат на најавите за бојкот на собранието и протести доколку до крајот на годинава не биде избран нивниот кандидат, а за случувањата со изборот веќе ги алармирале меѓународните институци и ОБСЕ.