Подготвен е драфт – предлог на измените на Законот за рестриктивни мерки, кој е во процедура врз чија основа санкциите од САД, ЕУ и од другите наши стратешки партнери ќе бидат процесирани во македонското законодавство, најави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
Целта е да се овозможи санкциите изречени од САД кои се однесуваат на корупција, организиран криминал, тероризам и хибридни закани, да можат да се применат и во нашата држава, а назначените субјекти да подлежат на санкции согласно со домашното законодавство, посочи Грковска.
Според вицепремиерката,многу лоша порака е да се види дека лицата кои се ставени на црна листа во други држави, кај нас се однесуваат како ништо да не се случило, децидна е Грковска. Таа потенцира дека медиумите, граѓанскиот сектор и Државната комисија за спречување на корупцијата се клучните партнери кои треба да реагираат и да укажуваат на таквите однесувања.