Народниот правобранител открива: Насилство и претег одложени мерки за човекови права

Насилно однесување на полицијата кон затворениците, непочитување на потрошувачките права, кршење на правото на подеднакво образование, наплата при вадење на нови патни исправи и покрај тоа што не е по вина на граѓаните се дел од претставките кои ги истакна Народниот правобранител Насер Зибери.

Особено неповолна 2023 – та година ја оцени за детските права, чие прекршување годинава заврши со одземениот живот на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Зибери навести дека ќе иницира кривични пријави за тортура и за припадниците на специјалните полициски сили и за затворските полицајци кои учествувале во претресот во затворот Идризово во октомври кога употребиле прекумерна сила, ги мачеле затворениците кои веќе биле совладани.

Според тогашното соопштение на МВР во рацијата за претрес во затворот Идризово имало физичка пресметка во која биле повредени 10 полицајци и најмалку десет повредени осуденици. При претресот биле најдени над 80 парчиња ладно оружје, мобилни телефони и дрога.

„Според нивните искази, затворениците насила биле вадени од креветите во кои спиеле, биле тепани иако не давале отпор. Потоа биле врзани и извадени во ходниците, каде што биле оставени да клечат со врзани раце. По кажување на затворениците, тие биле принудени да ги исчистат просториите од искршените предмети при претресот и дејствувањето на полицијата и при спроведување на акцијата за собирање и чистење повремено биле удирани од полицијата. Од увидот кај осудените лица беа констатирани видливи повреди и со нивна согласност обезбедени се фотографии, а од целиот настан обезбедена е видеоснимка“, рече Зибери.

Собранието продолжува со праксата да го одложува разгледувањето на пленарна седница на Годишниот извештај за степенот на обезбедување, заштитување и унапредување на човековите права и како резултат на тоа мерките за спроведување на општите препораки на Народниот правобранител не се усвојуваат на крајот од годината и не даваат никаков ефект вели Зибери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*