Уставниот суд во Македонија: Составот и уставната тужба како главни предизвици

Комплетирање на составот на Уставниот суд и потребата од воведување на уставна тужба, главни предизвици за решавање во идната година.

Претседателката на Судот, Добрила Кацарска, и годинава побара да се пополни испразнетото место, на коешто извиси досегашниот републички обвинител, Јовески. Уставен работи со нецелосен состав, со осум од предвидените девет судии.

Жежок костен пред судиите и Законот за употреба на јазиците. Кацарска упати апел до политичарите, да им овозможат на граѓаните преку уставна тужба да си ги заштитат слободите и права, за да не мора правдата да ја бараат во Стразбур.

Но, потребни се уставни измени за да се прошират надлежностите на Судот, којшто годинава бил преплавен од 210 нови иницијативи и седум барања за заштита на слободите и правата на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*