Крстот на Попова Шапка: Спор меѓу вера, земјиште и политика

„МПЦ ОА Тетовско-гостиварска епархија, своите права во насока на разрешување на даденото прашање ќе ги штити преку достапните правни механизми. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на зачестените провокации и да бидат посветени на мирот и добрите меѓурелигиски односи”.

Крстот е на црковно земјиште, но е изграден без дозвола и затоа е донесено решение за негово отстранување- велат од кабинетот на градоначалникот на Тетово Касами за Канал 5. Ова го констатирале локалните инспектори кои излегле на терен по само еден месец откако беше поставено верското обележје кое предизвика низа реакции, особено кај албанските политички партии.

Според владејачката СДСМ, БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ преку договорено сценарио сакаат да предизвикаат штета на соживотот во предизборието.

Од партијата на Касами пак, прстот го вперија кон ДУИ. Ја обвинија дека додека биле на власт со ВМРО-ДПМНЕ, го пренамениле земјиштето во дворот на манастирот во градежно. За изградбата на крстот во петок е најавен и протест пред општината.

Крстот на Попова Шапка беше поставен на 16 ноември на земјиште сопственост на МПЦ-ОА и храмот Свети Наум Охридски Чудотворец, а од црковниот одбор посочија дека е поставен како верско обележје и претставува урбана опрема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*