Извештајот од судска медицина за убиството на на 14 годишната Вања Ѓорчевска пристигна на адресата на Основното јавно обвинителство.
Сите добиени анализи за смртта на девојчето по направената обдукција се испратени кај обвинителот кој ја води истрагата за овој предмет, потврдуваат од ОЈО Скопје.
Оттаму дополнителни информации околу извештајот не даваат, бидејќи истрагата се уште е во тек. Извештајот е еден од клучните докази во истрагата и целосно расветлување на случајот.
Кога настапила смртта на Вања и под кои околности се дел од прашањата на кои одговор треба да даде судска медицина. Вања беше грабната до влезот на нејзината зграда на 27 ноември. Истиот ден, според исказите на осомничените е убиена.
Два и пол часа по нејзиното грабнување. Во десет часот е застрелана, а осомничениот за нејзиното убиство е Љупчо Палевски Палчо. Пронајдена е мртва на 3 декември. За изготвување на извештајот беа потребни речиси 3 недели. На него претходеше и обдукција на телото