Политичка борба во Собранието околу нов член на ДИК

Во петокот Парламентот не избра нов член на Државната изборна комисија (ДИК).

Спикерот Талат Џафери рече дека нема материјали. Како одговор, пратеникот на БЕСА, Фадил Зендели, упати критики до спикерот. „Условите се исполнети, не манипулирајте“, рече Зендели и инсистираше точката да се стави на дневен ред.

Истиот ден, коалицијата Европска алијанса за промени, која ја сочинуваат БЕСА, Алтернатива и Демократско движење, постави ултиматум, односно доколку до 31 декември не добие член на ДИК, ќе го бојкотира Собранието, а потоа ќе земе друг мерки исто така.

Коментирајќи го ултиматумот, Алијансата за Албанците следниот ден рече дека тој всушност претставува „оставање простор за неучество на изборите“.

Власта е децидна дека ќе ги почитува процедурите пропишани во законот, а ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ, ДУИ и партијата на Арбен Таравари го доведуваат во прашање легитимитетот на изборниот процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*