Втората меѓувладина конференција: Шпанскиот амбасадор говори за преговорите за ЕУ

Шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија во неделното интервју за РСЕ, вели дека ја поддржуваат земјава да се интегрира во ЕУ, но можни се и други пречки во преговарачкиот процес.

Тој не ја исклучува можноста дека во процесот може да се отворат и други барања од други земји членки, од кои зависи одржувањето на Втората меѓувладина конференција. За проширувањето, амбасадорот вели дека е важно дали ЕУ е подготвена, но и земјите дали се подготвени.

“Дали чашата е полуполна или полупразна, зависи дали си власт или опозиција, рече амбасадорот за извештајот на ек за Македонија.  Назад во Јули 2022 година, заклучоците беа усвоени врз основа на договорот за пријателство и ова е дел од процес. А тој процес можам да кажам со задоволство дека преговорите беа отворени во Јули 2022 година. За да продолжат постои јасен услов, а тоа е промена на уставот и има потреба од тоа.

Дали тоа ќе значи крај на пречките? Не сакам да пратам песимистичка порака, напротив. Она што ние го кажуваме, но и другите еу инстанци, од земјите членки е дека кога сте во процесот, за да се свика втората меѓувладина конференција, треба да го исполните тој услов, односно да се усвојат уставните измени и тогаш работите ќе добијат друга насока. Можеби ќе има други услови и барања од други земји, но на крајот работите ќе добијат друга димензија и важност. Но можеби ќе има многу други пречки”, вели амбасадорот на Шпанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*