Анкета: Расте поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, но 60% од испитаниците без доверба во политичарите

Зголемен рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажува последната анкета која агенцијата Маркет Вижн ја спроведе за МКД.мк. расте бројот и на граѓани кои ќе излезат на следните избори.

На прашањето „во кој лидер на партија имате најголема доверба“, речиси 13% го посочуваат Мицкоски, зад него е лидерот на ДУИ Ахмети со рејтинг од 6,65%, а трет на листата е актуелниот премер Ковачевски во кого доверба имаат 4,25 отсто од испитаниците.

Сепак најголем процент од граѓаните, или близу 60 проценти немаат доверба во ниту еден политичар. Ако се споредат бројките од анкетите кои истата агенција ги има спроведено во февруари, јуни, септември и оваа анкета во декември, воочлив е растот на рејтингот кај Мицкоски од 11 на 13%, пад кај Ковачевски од 8,2 на 4,3 проценти и стабилниот рејтинг на Ахмети од околу 6 отсто.

Политичките аналитичари најинтересна трка на следните избори очекуваат токму во првата изборна единица, каде директно ќе се соочат Ковачевски и Мицкоски. 16,35% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори, 6% се убедени во победа на ДУИ, 5,65% се определиле за СДСМ.

Анкетата на Маркет Вижн е спроведена телефонски во периодот од 8 до 15 декември на репрезентативен примерок од 1.067 испитаници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*