Министерот за внатрешни, Спасовски, не открива нови детали за случајот со убиството на 14-годишната Вања и 74-годишниот велешанец Панче.
Истрагата е во рацете на Јавното обвинителство. Потенцира дека во моментов фокусот е на одделението за форензички истражувања.
Првпат покрај фингер-принтот, во базата на податоци ќе се користи и препознавање на лице. Дополнително, се работи и на надградба на системот „Сејф Сити“. МВР и истражните органи направија максимум во однос на случајот со грозоморниот чин, со капацитетите со кои располагаат, вели универзитетскиот професор Ѓуровски.
Сепак, според него, тоа не значи дека кругот нема да се прошири во натамошниот тек на истрагата. Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, не споделува детали со јавноста за обдукцијата. И, Обвинителството го чека обдукцискиот наод.