Струковиот Синдикат на контролорите на летање денеска одлучи да го откаже најавениот штрајк на контролорите за 25-ти и 31-ви декември. Како што кажа Едмонд Каличи од овој синдикат, штрајкот е во мирување поради две причини.
“Едната е да се види начинот на селекција на вработување на овој конкурс. Другата причина е каде што имаме осум студенти контролори, на кои што се уште не им е продолжен договорот. Третата причина е дека имаме полно луѓе што живеат во странство и туристи кои што сакаат да ја посетат земјава. За понатаму ќе видиме како ќе се реализира ситуацијата околу контролорите на летаање, осумте студенти и процесот на вработување на кандидатите на конкурсот”, рече претставникот во изјава за медиумите.
Претседателот на ССК, Александар Тасевски изјави дека ќе го следат конкурсот и ќе бидат дел од самата селекција. Ќе ги набљудуваат постапките на селекција и дали ќе има неправилности.
“Главната болка ни се кадрите кои што се примаат без никакви селекции, туку врз основа на поднесена документација. Нема тестирање, нема привремени рокови за обука и проверка на нивното работно место”, кажа денес Тасевски.