За Арсовска, ова е крајно несериозна иницијатива.
„Несериозно е да коментирам изјави на сателит партии, особено на партија од чии редови произлегуваат кадри кои никој не ги препознава во политиката, па на овој начин се обидуваат да се профилираат. Иницијативата е крајно несериозна и укажува на основни непознавања од страна на пратеник, кој би требало да знае дека, законите немаат ретроактивна примена, а кога веќе измислуваат иницијативи, нека ги покренат и за пајтон пратениците кои менуваат дрес согласно моменталните прилики од лукративна природа”, реагираше Арсовска.
Иницијативата следи откако новогодишното украсување на градот, особено елката, стана цел на потсмев и во регионот. Арсовска кажа дека украсувањето чини 30.000 евра, што е десетпати поевтино од претходните години, но не и дали имало ангажирано фирма и зошто не е распишан тендер, бидејќи законот предвидува дека е обврзана да го стори тоа за набавка над 1.000 евра.
За ова се огласија и од обвинителството, со став дека, доколку Управата за финансиска полиција, која е надлежна да ги испита наводите за тоа каде завршиле парите од градската каса не го стори тоа, тие ќе оформат предмет и ќе ги извршат проверките.