Судскиот совет расправа за разрешувањето на Беса Адеми на 29 декември

Судскиот совет ќе расправа за барањето за разрешување на претседатлката на Врховниот суд Беса Адеми на последниот работен ден од оваа годината, дознава Телма.

Според нашите извори тричлената комисија на известители во петок на 29 ти декември закажала расправа на која и лично Адеми ќе може да даде своја одбрана на наводите со кои се бара нејзино разрешување.

Судскиот треба да се прпизнесе дали на оваа седница ќе присуствуваат медиумите и невладините со оглед на тоа што Адеми најави дека ќе бара јавност. Минатата недела на новинарско прашање за иницијативата за нејзино разрешување, Адеми кусо одговри дека ваквите постапки се од доверлив карактер, но дека таа би барала јавност со цел пошироката јавност да биде информирана.

Член 61 од законот за судски пропишува дека постапката е од доверлив карактер и се води без присуство на јавност но по барање на судијаа советот ќе одлучи постапката да биде јавна И од судски совет ни го посочија овој член и кусо ни одговорија – Доколку има такво барање, Судски совет ќе одлучли и ќе бидат споделени информации во јавноста. Постапката за Адеми според нашите информации е во втора фаза кога треба да се расправа по иницијативата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*