ЕУ стандарди во законот за судски совет, вели министер Лога

Препораките од оценската мисија на Европската Унија за функционирањето на Судскиот совет ќе бидат разгледани од работната група која работи на измени на Законот за судски совет и ќе бидат вметнати во измените на законот, најави министерот за правда, Кренар Лога.

Во изјава за медиуми по денешниот настан по повод доделување изводи на лица кои досега не биле евидентирани во матичната книга на родените, министерот информираше дека стандардите што ги бара ЕУ ќе бидат земени предвид.

“Уште пред да го добиеме извештајот од оценската мисија, формиравме работна група која работи на тоа прашање и наредните денови таа ќе ги разгледа стандардите што ги бараат од нашата страна. На крајот на процесот ќе ги имаме измените на законот во кои ќе бидат внесени стандардите”, рече министерот за правда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*