Државата мора да остане на европскиот пат, независно од следната влада, Пендаровски го поддржува членството во НАТО и ЕУ

Потенцира дека државата мора да остане на европскиот пат, без оглед кој ќе раководи со Владата по изборите, во мај идната година. Ова е последната шанса да ја сочуваме мнозинската поддршка кај граѓаните за преговорите.

Во однос на уставните промени, шефот на државата со порака-дебатата мора да продолжи, преговарачката рамка, ниту договорот со Бугарија не може да се променат.

Претседателот во говорот пред пратениците се осврна и на правосудниот систем. Во корен мора да се сосече, како што вели Пендаровски, ендемската корупција која ја загрозува виталноста на државата. Законите мора да важат за сите подеднакво.

„За жал, се стекнува впечаток дека САД и Европската Унија се поревносни борци против корупцијата кај нас од нашите институции. Меѓутоа, странските санкции не се доволни, не само затоа што не се проследени со домашни санкции. Тука, сакам на следниот парламент да му го порачам она што веќе го имам јавно предложено неколку пати-веднаш по изборите да спроведеме прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но, прво кај нас, политичарите. И за секој, за кого нема логично образложение како со државна плата станал милионер, треба веднаш да следи не само оставка, туку кривична постапка“, нагласи Пендаровски.

Преку личната трагедија на малата Вања и нејзиното семејство, на површина исплива патологијата на македонската транзиција, амбиентот кој сите ние, повеќе или помалку, го создававме изминативе 32 години, рече Пендаровски, потенцирајќи дека се толерираа нелуѓе кои пропагираа меѓуетничка омраза и нетрпеливост, агресивни идеологии, говор на омраза.

„Требаше секој од нас, а посебно ние политичарите, многу почесто и погласно да зборуваме против овие појави, наместо да веруваме во моќта на нашиот демократски систем дека ќе може да ги толерира и апсорбира ваквите екстреми. За жал, потфрли и севкупниот општествен систем затоа што во името на некаков погрешно разбран демократски плурализам, не ги оневозможи овие индивидуи од натамошно загадување на јавниот простор“, рече претседателот Пендаровски.

Во неговото петто обраќање во законодавниот дом, последно во овој мандат како претседател, Пендаровски самокритичен, во носењето на некои одлуки можел да постапи поинаку и дека не бил безгрешен, но и дека никогаш не учествувал во валкани кампањи против политичките опоненти, иако често бил цел на напади, ниту договарал тендери и провизии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*