Градоначалникот на Гостивар: Отворени сите опции, сепак против коалиција со ДУИ

По вчерашната средба на Таравари – Ахмети во Гостивар, интегративците не кријат дека ја сакаат Алијанса во својот табор партија за која отворена врата држи и албанската опозиција.

Актуелниот градоначалник на Гостивар вели дека сите опции се отворени иако тврди дека партиското членство е против коалиција со ДУИ а заеднички настап со СДСМ ќе оди на штета на партијата на Ковачевски. Тој пак денеска средбата на Ахмети и Таравари ја оцени како позитивен чекор за демократијата.

ДУИ се уште нема конечна одлука за предизборна коалиција со СДСМ па не се исклучува можноста Ахмети и Таравари да одат заедно а Ковачевски да остане со своите традиционални партнери. ЛДП веќе потврди дека ќе оди со СДСМ истото се очекува и од НСДП, ДОМ и останатите стаелити на Бихаќка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*