Спасовски на Агелер: Системот мора да се консолидира за борба против неказнивоста

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја коментираше изјавата на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, која изјави дека институциите биле свесни дека осомничените биле криминалци, но не ги санкционирале, а цената ја плати Вања.

„Јас го зборувам тоа многу често досега и во медиумите. И кога говорев за неказнивоста за сите кои ја пљачкаа државата, го уништуваа народот и беа главни во општеството без да носат одговорност. Сето тоа е нешто што мора да си го разбереме и прифатиме како состојба која треба да се менува. Менувањето на системот мора да се прави брзо и ефикасно“, рече Спасовски.

Тој образложи дека за осомничениот Љупчо Палевски-Палчо, МВР постапувало, но и останатиот дел од системот морал навремено да реагира со судењата и извршувањето на санкциите. Целиот систем мора да биде консолидиран во однос на истрагите за да не ни се случува кога МВР ќе приведува, за кратко време да ги видиме дома или без соодветни мерки, рече министерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*