Процесот на евроинтеграција на Македонија не треба да се споредува со Украина, вели премиерот Ковачевски

Да не се прават споредби за евроинтегративниот процес на Македонија и Украина, бидејки секоја земја е посебна, вели премиерот Ковачевски, коментирајќи ја одлуката на ЕУ – Украина да ги почне преговорите со Унијата, која беше донесена без присуство на Унгарија на масата, бидејки премиерот Орбан демонстративно ја напушти просторијата кога се носеше одлуката.

Ковачевски објаснува дека Украина нема билатерален спор, бидејќи оваа земја е нападната, а сите одлуки ЕУ ги носи со консензус. Унгарија не гласаше против, туку не беше присутна на гласањето, рече премиерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*