ЕУ го потврдува почетокот на преговорите со Македонија и Албанија за членство

Цел на Европската комисија е Македонија и Албанија да ги почната преговорите по Првиот кластер – Основи што е можно поскоро, дури ако може и следната недела и силно ја потврдуваме нашата посветеност на иднина во која сите шест партнери од Западниот Балкан ќе бидат членки на нашата Унија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Усрула фон дер Лајен по завршувањето на дводневниот Самит на ЕУ.

“Новата година почнува со многу добри вести за Европската Унија и за нејзините соседи и пријатели со вчерашната одлука за чекор напред во процесот на проширување. Тоа ќе претставува обележје на нашата заедничка историја. Решивме да започнеме преговори со Украина и Молдавија, одлучивме на Грузија да и доделиме кандидатски статус, како и да ги отвориме преговорите со Босна и Херцеговина, тогаш кога ќе бидат постигнати неопходните барања”, истакна Фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и шпанскиот претседател Педро Сначез.

Тој додаде дека посветеноста на проширувањето не се однесува само на Украина, туку и на Молдавија, на земјите од Западниот Балкан, како и Грузија, доколку ги исполнат неопходните услови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*