Амбасадорката Агелер апелира за промени во системот по трагичното убиство

Убиството на Вања се уште не е целосно расветлено, но за него има и амбасадорски коментар од првата дипломатка на САД во државата, Анџела Агелер. Амбасадорката во интервју за Канал 77 вели дека станува збор за трагедија предизвикана од системот кој не реагирал да ги казни нејзините убијци кои имале извршено претходно криминални насилни дела.

“Се работи за криминалци за кои се знаело дека се криминалци, дека се насилни и не се во затвор. Не биле претходно апсени и затворени. Не биле апсени и гонети за нивните претходни злосторства, не морале да ја платат таа цена, па цената ја плати една млада девојка”, изјави Агелер.

“Време е институциите во земјава да фрлат еден безмилосен поглед на себе и да се прашаат: Што можевме да сториме за да ја спасиме оваа млада девојка и сите други деца во земјава? Зошто дозволуваме криминалците слободно да се движат и да вршат злодела врз кого било во државата? Ова е трагедија. И се надевам, се молам дека оваа држава, институциите и државните претставници ќе се погледнат и ќе се прашаат. Што треба да направиме сега за да обезбедиме дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи”, истакна амбасадорката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*