Американската амбасадорка ја оправдува одлуката за Анѓушев: ‘Не само еден случај, многу докази

Анѓушев не е ставен на црната листа на поради сомневања. САД има цврсти докази за негова вмешаност во коруптивни активности, тврди американската амбасадорка Анџела Агелер на брифинг со новианрите

– Има разни аспекти во кои не можам да навлегувам поради приватност, зашто приватноста ја земаме предвид дури и за лица што ги санкционираме. Сум чула како луѓе велат ’зошто него’. Поточно, еден новинар ме праша ’зошто Кочо, тој е фин човек’. Пак ќе кажам – има многу докази за многубројни случаи, така што не е само “оф, еднаш се лизнав“ – вели Агелер. Таа одби да одговори дали името на екс премиерот Заев ќе биде следно на американската црна листа. Тој пак попладнево се јави со писмено соопштение. Застана во одбрана на Анѓушев и се понуди за соработка

– Без да ја коментирам и да навлегувам во детали за оправданоста на одлуката на Стејт Департментот за забрана за влез во САД на поранешниот Вицепремиер Кочо Анѓушев, само ќе напоменам, како и порано кога сум бил Премиер така и сега , стојам на располагање за сите потребни одговори и разјаснувања на определени теми од интерес на нашите стратешки пријатели и партнери во врска со било која општествено – економска и политичка тема во земјава вклучително и основот за сомневањата кон Анѓушев. Анѓушев е мој пријател и соработник кој исклучително го почитувам. Јас го замолив мај 2017 година да прифати, да одработи одреден период за македонскиот народ и државата. Тоа го правеше чесно , одговорно и посветено. Денеска, ја има мојата подршка во докажување на неоснованоста за сомневањата кон него изразени од нашите пријатели Соединетите Американски Држави. – се вели во писмениот став на Заев. Од јуни годинава, кога САД го ставија струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа, ниту еден македонски правосуден орган или институција не се обрати до САД за да побара споделување на доказите со цел да се отвори постапка и во земјата за лицата што се на листата. Ова го истакна американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*