За да си ги намалиме платите треба општо консензус на сите функционери, судии, обвинители, градоначалници, сите пратеници и министри, директори и тие треба да се согласат дека сакаат да им се намалат платите, вели вицепремиерот, Фатмир Битиќи.
Рече дека ако не наредната недела до крајот на годината ќе го достават законското решени во Влада но дека се ќе остане во Собрание да има 61 пратеник за да се донесе законското решение за да се намалат платите.
„А за намалување на платите треба општ консензус на сите затоа што во 1.260 функционери имате судии, имате обвинители, имате градоначалници, имате 120 пратеници, имате 20 министри, имате директори и така натаму кој што сите треба да се согласат дека сакаат нивните плати да бидат намалени, а гледате дека во суштина, за жал во нашето општество тешко се доаѓа до консензус за уште побитни прашања а камоли да им земете нешто од џебот.“- вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Дали како иден премиер на Владата Талат Џафери ќе иницира закон со кој ќе се намалат функционерските плати, спикерот на Собранието категоричен вели не.