Мисијата за рецензија на ЕУ подготвува план за реорганизација на Судскиот совет

40 препораки за подобрување на работата на Судски. Оценската мисија на ЕУ која ги истражуваше состојбите во советот изработи план за реорганизација на ова судско тело. На брифинг со новинарите, ЕУ амбасадорот во земјава, истакна дека 17 од препораките, може да се спроведат врз основа на постојните закони, за останатите, неопходни биле законски, но и уставни измени.

Како најважни, во извештајот се издвојуваат: 1.Структурата и компетенцијата на членовите на судски 2. Кратење на шест годишниот мандат 3. Допрецизирање на начинот на селекција и назначувањето судии 4. Водењето на дисцлиплинските постапки и разрешувањата 5. Транспарентноста во работата и 6. Финансиската независност.. Извештајот изработен од оценската мисија нема да биде јавен, а како што информираше Гир, документот веќе бил предаден на институциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*